Home Актуелно СДСМ: Груевизмот кој зрачи од Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ сака да се заташка криминалот на режимот

СДСМ: Груевизмот кој зрачи од Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ сака да се заташка криминалот на режимот

Груевизмот кој зрачи од Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ единствено сака да се заташка криминалот на режимот. Ништо друго не е важно за нив, се наведува во реакцијата на СДСМ на интервју на Христијан Мицкоски.

Тие бараат предметите на СЈО дојдат под нивна контрола за да запрат.Тоа е единствената причина зошто не се постигна договор за Законот за ЈО.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против правдата, против ЕУ и НАТО и против граѓаните. Се надеваат дека ќе го попречат напредокот и ќе го загрозат датумот за преговори.

Ние тоа нема да го дозволиме. Ние сме за правда. Сега е моментот и покажуваме што значи борба за правна држава и за правда!

Пропаѓаат обидите на Мицкоски да ги минира предметите на Специјалното јавно обвинителство, тие се обезбедени, одговороност ќе има.Затоа Мицкоски е во паника, затоа што знае дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ нема да се спасат од одговорност без разлика колку и тој да се труди да ги спаси.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…