Home Шоубизнис Нема срам од децата и деверот – Хајди Клум топлес на медениот месец

Нема срам од децата и деверот – Хајди Клум топлес на медениот месец

Славната германска убавица и манекенка е веќе докажан бескомпромисен слободарски дух кој нема проблем со општествените стереотипи кога станува збор за покажување отфазла гола кожа во јавност.

46-годишната Клум периодов е на меден месец со 17 години помладиот сопруг Том Каулиц, во друштво на нејзините деца и деверот (братот близнак на Том), Бил Каулиц.

Хајди и Том во тајност се венчаа во февруари , а минатиот викенд имаа и втора свадбена веселба , што ја организираа на луксузна јахта во Италија.

Познатата манекенка и музичарот , кој е познат како гитарист на бендот Tokio Hotel, решија во Италија да го поминат и медениот месец.

Тие се снимени како уживаат на плажа во Капри, а освен четирите деца на Хајди , на медениот мeсец беше и братот близнак на Том, Бил Kаулиц , кој е пејач во бендот.

Хајди на плажата , иако имаше папараци , се соблече топлес пред сите туристи , како и пред децата и деверот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ријана открива колку неиздадени песни има додека фановите со нетрпение чекаат нова музика

Ријана ги заинтригира фановите со нова анегдота за нејзината музика! 38-годишната пејачка …