Home Вебкафе Го уапсиле во Дубаи оти по улица фрлал пари

Го уапсиле во Дубаи оти по улица фрлал пари

Со посредство на инспекторите од секторот за сајбер-криминал, полициските служби од Дубаи успеаја да го идентификуваат и пронајдат мажот кој на улиците од оваа метропола се расфрлал со пари.

Мажот на социјалните мрежи објавил видео во кое се гледа како се расфрла со дирхами, а полицијата смета дека мотивот му бил за да привлече гледачи на социјалните мрежи. Мажот по приведувањето признал дека сакал со ова видео да добие лајкови и да стане познат на социјалните мрежи.

Сега на типот чиј идентитет не е откриен, освен тоа дека е Азиец, му се заканува казна затвор и парична казна од милион дирхами (250 000 американски долари).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…