Home Актуелно Сончево и топло време

Сончево и топло време

Времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=9

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната температура од 27 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=9

Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната температура до 34 степени.

Следува период на претежно сончево и топло време. Во четврток и во сабота во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…