Home Актуелно Облачен понеденик со повремен дожд

Облачен понеденик со повремен дожд

Денес, понеделник, 29 јули, во првата половина од денот ќе имаме променливо облачно време со повремен локален дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Попладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 31 степен.

Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.

Потоа до петок ќе преовладува стабилно и многу топло време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…