Home Актуелно Автопатот меѓу Скопје и Блаце – пуста желба: Ќе се градат само 2 километри од истиот

Автопатот меѓу Скопје и Блаце – пуста желба: Ќе се градат само 2 километри од истиот

Автопатот на потегот од граничниот премин Блаце кон Скопје, кој речиси е редовен проект во изборните кампањи и ветувања на политичките партии засега останува само пуста желба.

Иако надлежните го објавија тендерот кој трае до 4 септември, тој се однесува само на 2 километри и важи за првата делница. А што ќе биде со останатите 10 километри? Јавноста никако да добие одговор.

Засега не се знае ниту колку точно ќе чини изградбата на тие два километри од граничниот премин Блаце до почетокот на селото Блаце а рокот да се изградат овие 2км е 18 месеци. За овој дел претпријатието има обезбедено 10 милиони евра, но колку точно ќе чини ќе каже тендерот.

Вицепремиерот Османи не сакаше да лицитира со датуми но за него Скопје-Блаце е мега проект од аспект на предизвиците кои ги има .

„Не можам конкретно да кажам кога проектот би завршил. Од денеска динамиката ја одредуваат законските рокови, а не работата на институциите“, кажа Османи.

Она што беше потенцирано исто така е дека автопатот ќе се изгради според европски стандарди. Тоа значи дека ќе има две ленти за возење и една за принудно застанување во еден правец.

Лентите според најавеното ќе бидат широки од 3,5 метри, а целосната широчина во еден правец 10,25 метри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…