Home Шоубизнис По жешката Кинси, и мајката од Виталиј провокативно се растрча на терен

По жешката Кинси, и мајката од Виталиј провокативно се растрча на терен

Тешко дека ќе најдете светски медиум кој не пишуваше за атрактивната Кинси Волански, девојката на Виталиј Здоровецки, која во жежок бикини костим се растрча на фудбалскиот терен од финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем.

Нејзините фотки брзо го обиколија светот и станаа инстант атракција на социјалните мрежи. Според британските медиуми, парот само од тоа финале заработи над 3 милиони евра.

Но, сега пристигнува нова сензација од најблиското опкружување на Виталиј. Она што првично го направи Волански, сега го повтори и мајката на Виталиј, Елена.

Таа на финалето од Светското првенство во крикет, кое беше завчера одиграно во Лондон, втрча на теренот во ист костим каков што носеше Волански на финалето од Лигата на шампионите.

Нејзиниот син Виталиј веднаш после тоа се огласи на Твитер.

„Мојата мајка штотуку втрча на теренот за време на натпреварот од Светското првенство во крикет. Таа е луда!“, напиша Виталиј. Неговата девојка Кинси додаде: „Најопасната мајка на светот“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …