Home Вебкафе Мајка од пеколот: Снимена како си го фрла бебето во контејнер (видео)

Мајка од пеколот: Снимена како си го фрла бебето во контејнер (видео)

29-годишна жена од Тајланд, од медиумите наречена „Waraporn“, беше фатена на безбедносни камера како го фрла своето новородено бебе во контејнер и бега од местото со мотоцикл.

Тајланѓанката го родила детето во својот дом во местото Самут Пракан, но потоа одлучила да се ослободи од бебето, пренесува Daily Mail.

Безбедносните камери ги снимиле моментот кога жената со мотоцикл заедно со уште едно дете пристигнала до контејнери и таму замотано во покривка го остава новороденото бебе веднаш до ѓубрето. Неколку часа подоцна ѓубреџиите го забележале бебето и веднаш ги повикал службите. Итната служба веднаш го однела бебето во болница од каде изјавиле дека новороденчето е во добра состојба.

Полицијата отворила истрага и ја пронашла мајката во многу тешка состојба. Жената била однесена во болница поради обилно крварење . Таа им признала сè на полицајците и раскажала дека има 4 деца и дека нема можност да го издржува и петтото поради тоа што е многу сиромашна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…