Home Шоубизнис Тамара и нејзиниот евровизиски тим пречекани на скопскиот аеродром

Тамара и нејзиниот евровизиски тим пречекани на скопскиот аеродром

Тамара Тодевска и нејзиниот музички евровизиски тим околу полноќ беа пречекани на Меѓународниот аеродром во Скопје од страна на членовите на нивните семејства, бројни обожаватели и претставници на медиумите.

Тамара по пристигнувањето од Тел Авив , каде го освои осмото место , изјави дека е пресреќна. „Очекувавме повеќе , но среќна сум што ве направив горди”, изјави пејачката од бината на скопскиот аеродром пред членовите на својот тим ,како и семејството и бројните обожаватели кои неколку часа чекаа да пристигне.

Поради силниот јужен ветар авионот со кој се враќаа тие доцнеше повеќе од три часа. Тамара се заблагодари и на своите фанови на фејсбук.

Тодевска со песната „Proud“ го освои осмото место во Тел Авив, Израел, што е најдобар пласман за Македонија, откако се натпреварува на „Евровизија“ од 1998 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џипси Роуз ги сподели своите надежи за врската со Кен Уркер една година пред неговата смрт

Џипси Роуз Бланчард ги откри своите надежи за врската со нејзиниот покоен поранешен свршен…