Home Актуелно Денес светот го чествува 22 април – „Денот на планетата Земја“

Денес светот го чествува 22 април – „Денот на планетата Земја“

Целокупното човештво денес го слави и одбележува 22 април кој е прогласен за „Ден на планетата Земја“. Кон одбележувањето на овој ден на светско ниво, со повеќе активности се приклучува и Скопје.

Тема на годинашното меѓународно одбележување на Денот на планетата Земја е „Заштитете ги нашите видови” (Protect Our Species) и има за цел да едуцира и да ја подигне свеста за брзото намалување на популацијата на растенија и диви животни предизвикано од човечки активности.

Во организација на Град Скопје во Зоолошката градина предвидени се повеќе настани, а во одбележувањето ќе се вклучи и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во 10:15 часот денеска во едукативниот центар на Зоолошката градина ќе се одржи краток еко-час на тема „Вредноста на дивите видови” со претставници од Министерството.

Предвидено е и хортикултурно уредување на катче од Зоолошката градина со садење садници од страна на ученици од СУГС Гимназија „Орце Николов” и штитеници од Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака”. Поодржувачи се ЈП „Паркови и зеленило”- Флораком, Зоолошката градина од Скопје и организацијата „Cities for Forests”, која на глобално ниво делува на подигање на свеста за значењето на шумите.

Во организација на Градската библиотека „Браќа Миладиновци ” на пладне ќе се реализира проектот „Хортикултурна библиотека” во соработка со учениците од ДСУ „Георги Димитров”- Скопје, отсек хортикултура и учениците од второ одделение од ОУ „Коле Неделковски” – Скопје.

Целта на овој проект е децата уште од најрана возраст да ја развијат свеста за зачувување на зеленилото, екологијата и за сите нејзини придобивки за здрава животна средина. Задно со поголемите ученици од гимназијата ќе засадат различни видови на цвеќиња и ќе научат како се одгледуваат. Учениците подоцна со посета на библиотеката ќе можат да дојдат и да ги гледаат нивните цвеќиња и да видат како напредуваат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…