Home Актуелно 19,89 проценти излезност на првиот круг од претседателските избори до 13 часот

19,89 проценти излезност на првиот круг од претседателските избори до 13 часот

Според податоците кои официјално ги соопшти Државната изборна комисија, излезноста на првиот круг од претседателските избори до 13 часот е 19,89% од вкупниот број на регистрирани гласачи во изборниот гласачки список.

Одзивот на гласачите до 13 часот е 19,89 % од обработени 95,57 отсто од избирачките места, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Досега од вкупно запишаните 1.808.131 гласачи своето право на глас го искористиле 284.942 граѓани на 3.480 гласачки места.

Најголем одзив до 13 часот има во Прилеп каде гласале35,20 % од избирачите запишани на избирачкиот список, Новаци – 33,12 %,Свети Николе – 31,10%, Ранковце – 30,63%, Кратово – 30,53% и Неготино 29,02%.

Најмајлку гласачи засега излегле во Врапчиште 7,5 %, Желино – 6,62% и Липково – 5,43 %,

Изборите течат мирно и без нерегуларности, соопшти портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска.

Од МВР соопштија дека се регистрирани неколку помали нарушувања на изборниот процес како фотографирање на гласачкото ливче

И од јавното обвинителство соопштија дека не се забележани сериозни нарушувања на изборниот процес.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…