Home Шоубизнис Со над 900 милиони долари заработка „Bohemian Rhapsody“ е најпродаван биографски филм

Со над 900 милиони долари заработка „Bohemian Rhapsody“ е најпродаван биографски филм

Филмот „Bohemian Rhapsody“ стана најпродаваната филмска адаптација на музичка биографија откако во неделата надмина заработка од 900 милиони долари од продажба на влезници во кината ширум цел свет.

Оскаровскиот филм заработи 71 милион долари во британските кина и 830 милиони долари на меѓународниот пазар. Во изминатиов период филмот неочекувано стекна популарност меѓу јапонската публика, каде заработи 144 милиони долари.

Врвното филмско биографско остварување за животот на вокалот на рок групата „Квин“, славниот Фреди Меркјури, кој го режираше Брајан Сингер, го вивна во врвот на актерската слава актерот кој го играше Фреди, Рами Малек.

Според неодамнешните изјави на режисерот, тој најави дека планира да сними и продолжение на ова успешно филмско остварување.

Според мислењата на филмските критичари, „Bohemian Rhapsody“ за многу брзо ќе надмине заработка од над 1 милијарда долари, со оглед на фактот дека е достапен на комплетната светска пазарна сцена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …