Home Актуелно Пендаровски со поздрав на албански во Чаир и порака за европска иднина во Кисела Вода

Пендаровски со поздрав на албански во Чаир и порака за европска иднина во Кисела Вода

Претседателскиот кандидат на владеачката партиска коалиција на чело со СДСМ, Стево Пендаровски, на митинзи во рамки на претседателската кампања беше во посета на скопските општини Чаир и Кисела Вода.

За разлика од другите обраќања овде, Пендаровски синоќа средбата во Чаир ја почна со поздрав на албански јазик. Тој дури рече дека не треба да правиме разлика меѓу луѓето на етничка или политичка основа, бидејќи сите заедно треба да работиме и да чекориме кон ЕУ и НАТО. Стево Пендаровски денеска одржа средба и со пензионерите од Скопје.

На трибина во Кисела Вода, Пендаровски говореше за европската перспектива, за нови вработувања и за подобар и просперитетен живот во Република Северна Македонија.

„Од 2016 година има нови политичари кои се зафатија да ги решаваат најтешките проблеми за да оди земјата напред. Успеваме да направиме голем исчекор. Само за две години од вистински режим дојдовме до влез во НАТО и очекуваме во јуни датум за почеток на прегорите во ЕУ. Во периодот од 2006 до 2016 година имавме најмногу иселени лица, пред се млади. Ова може да се спречи само со членство во ЕУ, со отворање нови перспективи за младите“, рече Пендаровски.

На 21 април, рече Пендаровски ќе се избира меѓу два различни концепти, едниот што го водам јас за напредок и вториот предводен од опозицијата за блокади, и враќање назад. Затоа ќе мора масовно, со излегување на гласање, да потврдиме дека сме за оваа опција која не носи напред во НАТО и ЕУ.

Трибината со граѓаните вечерва започна со едноминутен молк за трагичната смрт на поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода, Биљана Беличанец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…