Home Актуелно Македонски телеком ќе дели дивиденда – еве колку ќе добијат акционерите

Македонски телеком ќе дели дивиденда – еве колку ќе добијат акционерите

1.596.062.214 денари, или речиси 1,6 милијарди денари е вкупната сума на дивиденда која Македонски телеком ќе им ја исплати на акционерите. Овој предлог треба да помине на Собранието на друштвото на годишната седница која е закажана за 9 мај годинава.

„Бруто износот на дивиденда по акција е 18,5 денари. Друштвото, од бруто износот на дивиденда, доколку е применливо, при исплатата ќе ги задржи и уплати сите даноци, согласно важечката даночна регулатива во Република Северна Македонија на датумот на исплата, стои во предлог одлуката.

Инаку листата на акционери кои ќе имаат право на дивиденда е таа на 30.05. 2019 гоидна. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 28.05.2019 година, а прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 година е 29.05.2019 година. Исплатата на дивиденда за 2018 година ќе се изврши до 30.09.2019 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…