Home Актуелно 20 отсто пониска цена за приклучок на струја – трошокот се намалува на 400 евра

20 отсто пониска цена за приклучок на струја – трошокот се намалува на 400 евра

Најмалку 20 проценти пониска сума ќе плаќаат граѓаните во иднина за приклучок на електрична енергија, а поевтина цена ќе плаќаат и компаниите. Ова како мерка доаѓа на предлог од „Електродистрибуција“ – Скопје, а истиот денес беше ставен на дневен ред за разгледување од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

„До сега граѓаните плаќаа по 500 евра за приклучок, а со намалувањето за 20 отсто тоа ќе изнесува 400 евра. Соодветно ќе биде намалена и цената на приклучокот и за компаниите. При тоа се крати и рокот за изведба на приклучокот на 5 до 7 дена“ – изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Тој појасни дека ваквиот предлог се должи на зголемувањето на ефикасноста на работа на „Електродистрибуција“ и на намалувањето на нивните трошоци за набавка на опрема која би се користела за изградба на овие приклучоци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…