Home Вебкафе Доби дополнителни 6 години затвор оти го вреѓаше судијата додека му изрекуваше казна

Доби дополнителни 6 години затвор оти го вреѓаше судијата додека му изрекуваше казна

Осуденикот Менсон М. Брајант од Охајо, на казната која му беше досудена доби дополнителни 6 години затвор бидејќи го навредуваше судијата додека овој му ја читаше пресудата.

Менсон се вознемири поради пресудата од 22 години затворска казна, но доби уште шест години, откако му се развика на судијата и го нарече расист. Тој е осуден за кражби , киднапирање и носење скриено оружје.

Инцидентот се случил на 4 март, а завчера е објавена снимката. Пред да ја донесе конечната пресуда , судијата рекол дека Брајант покажува дека се чувствува виновен и затоа решил да му даде само 22 години , но откако ги слушнал навредите, се пишманил и му ја опдредил највисоката казна за неговите кривични дела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

3 причини зошто почесто треба да го оставате телефонот и да им дозволите на мислите да талкаат

3 причини зошто треба почесто да го оставате телефонот и да ги пуштите мислите да скитаат …