Home Актуелно Кривичен денес ќе ја објави пресудата за „крвавиот 27 април“

Кривичен денес ќе ја објави пресудата за „крвавиот 27 април“

Скопскиот Кривичен суд денес ќе ја објави пресудата за 17 од првично 33-цата обвинети со случајот за собранискиот упад и насилствата на 27 април, 2017 година, познат како „крвавиот четврток“.

Судскиот процес почна во август минатата година против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија дел од обвинетите беа помилувани. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

На извршителите во овој процес јавното обвинителство им придодаде и петмина организатори на настаните од 27 април: Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Никола Бошковски, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…