Home Шоубизнис Тамара на Евросонг под името Република Северна Македонија

Тамара на Евросонг под името Република Северна Македонија

На овогодинешното издание на Евросонг, кое ќе се одржи во Тел Авив, нашата претставничка Тамара Тодевска ќе ја претставува нашата земја под името Република Северна Македонија.

Во известувањето од организаторот во овој контекст, се додава и дека на сите места, како што е делот со информацијата за Македонската телевизија, на пример, досегашната референца „ПЈР Македонија“ ќе биде заменета со Северна Македонија.

МТВ утре ќе објави со која песна Тамара ќе настапи на годинашниот Евросонг.

Последниот македонски претставник што избори пласман на евровизиско финале, беше Калиопи во 2012 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Сани Озел по смртта на Патрик Стјуарт: „Знаеше дека го сакам, а јас знам дека тој ме сакаше“

Сани Озел првпат јавно се огласи по смртта на сопругот Патрик Стјуарт. Во емотивна објава …