Прекршочни обвиненија за 28 декани – не доставиле анкетни листови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


28 декани од Универзитетот „Кирил и Методиј“ ќе добијат прекршочни обвиненија од страна на Антикорупциска комисија. Причината за овие прекршочни постапки е недоставувањето на анкетни листови од страна на деканите. Освен на УКИМ, ДКСК ќе спроведе контроли и на другите универзитети.

Од Комисијата побараа од сите раководни лица да достават анкетни листови затоа што регистерот не бил ажуриран.

Потсетуваат дека за неисполнување на оваа обврска се одговара прекршочно. Анкетни листови се очекуваат и од нотари, извршители и административци.

На денешната седница ќе бидат разгледани и случаи на судир на интереси и непотизам.