Home Вебкафе Разводот го прослави со фотосесија, вино и спалување на венчаницата

Разводот го прослави со фотосесија, вино и спалување на венчаницата

Кога ќе застанете на „лудиот камен“ пред црковниот олтар и ќе го кажете заветното судбоносно „да“ со саканата личност, ветувајќи си дека ќе останете заедно до крајот на животот, разводот е последно нешто кое би ви паднало на памет.

Филмовите од жанрот на романтични драми и комедии не учат дека речиси секоја љубовна приказна мора да има среќен крај, иако за многумина среќниот крај во реалноста е малку поразличен отколку на филм. Кога Американката Кејтлин МекКи од Илионис се мажела, носела венчаница која наликувала на оние кои ги носат само принцезите, а насмевката на нејзиното лице покажувала голема среќа и радост.

Само четири години подоцна, Кејтлин можеше да се види како, облечена во истата венчаница, оди низ кал, носи шише со вино и позира пред фотообјективот. Нејзината фотосесија пред разводот од сопругот ја направи истиот фотограф кој ги фотографираше на венчавката.

Кејтлин венчалниот букет го замени со шише бензин и вино. Таа одлучи да се разведе од својот сопруг после десетгодишна љубовна врска и четиригодишен брак, иако во бракот добиле и ќеркичка. Интересен е податокот што нејзиниот, сега веќе бивш, сопруг сакал да учествува на предразводната фотосесија, но Кејтлин го одбила објаснувајќи му дека тоа е нешто кое мора да го направи сама.

„Тоа беше добра врска и добар однос. Заедно сме од мојата 16. година, но едноставно пораснавме и сфативме дека не сме еден за друг. Истражував што би можела да направам за да го прославам разводот, па мислам дека ова е најдоброто нешто кое можев да го направам. Како да ја покажав мојата бунтовност со овој потег“, објаснува Кејтлин.

Таа ја соблече венчаницата, го отвори виното, се напи една голтка, а потоа со бензин ја поли венчаницата и ја запали.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

20 работи за кои ќе жалите кога ќе остарите

Многу луѓе живеат со мотото дека сè се случува со причина и дека нема потреба да се жали з…