Home Актуелно Рекордно задолжување на САД: Државниот долг скокна над 22 трилиони долари

Рекордно задолжување на САД: Државниот долг скокна над 22 трилиони долари

САД достигнаа рекордно државно задолжување од над 22 трилиони долари, пренесуваат од американското Министерство за финансии.

Според извештајот од споменатото министерство, во историјата на САД за прв пат државниот долг достигнал износ од 22.012 трилиони долари, а само од почетокот на февруари тој се зголемил за дополнителни над 90 милијарди долари.

Во изминативе 11 месеци американскиот долг пораснал за над еден трилион долари.

Во текот на фискалната 2018 година, биџетскиот дефицит на САД се зголемил за 17 отсто, достигнувајќи 779 милијарди долари.

Економските аналитичари проценуваат дека американскиот буџетски дефицит до 2020 година ќе надмине еден трилион долари, додека долгот ќе продолжи да расте, бидејќи „државните трошоци воопшти не се под контрола“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…