Home Актуелно Реакција на Мицкоски на одлуката од СДСМ да не распише предвремени избори

Реакција на Мицкоски на одлуката од СДСМ да не распише предвремени избори

Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод одлуката од СДСМ да не оди на предвремени парламентарни избори, му порача на претседателот на владеачката партија Зоран Заев дека ќе го победи на следното гласање кога и да се одржи тоа.

„СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Костадин Костадинов, синоќа пополвина час по полноќ ја соопшти одлуката на СДСМ по состанокот на Извршниот комитет на партијата на која било решено, покрај тоа да не се оди на избори, и да му се даде шанса на концептот консензуален претседател зад кој ќе застанат сите партии од владеачката коалиција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…