Home Актуелно За бегството на Груевски сослушани телохранителите – роднини нема да се сослушуваат

За бегството на Груевски сослушани телохранителите – роднини нема да се сослушуваат

Првиот човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинителката Вилма Рускоска, за новинарите изјави дека во случајот за бегството на бившиот премиер Никола Груевски биле сослушани само неговите телохранители. Неговите блиски роднини, меѓу кои мајката и сопругата, нема да бидат сослушувани од Обвинителството.

Рускоска најави дека во текот на оваа работна недела дополнително ќе бидат сослушани и други, нови сведоци. Деталите за тоа ќе бидат дополнително соопштени. Надлежните служби во Република Албанија ги прибрале доказите што ги бараше македонското обвинителство.

Извор: Макфакс

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…