Home Актуелно Заев ќе го убедува Касами БЕСА да даде поддршка за уставните измени

Заев ќе го убедува Касами БЕСА да даде поддршка за уставните измени

На закажаната средба која треба да се одржи денес меѓу премиерот на Република Македонија и претседателот на БЕСА, Зоран Заев ќе се обиде да го убеди Билал Касами неговото движење да даде поддршка на уставните измени.

Средбата е закажана за во 16 часот во Владата.

Заев е оптимист дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство и дека процесот на имплементацијата на Преспанскиот договор ќе заврши успешно, но вели дека бројката на пратеници ќе се знае на денот на гласањето.

„Конечниот број ќе го видиме на денот на гласањето. Седницата е закажана за 9 јануари, а според најавите за неприсуство на опозицијата, очекувам дека расправата би траела два-три дена. Чинот на гласањето ќе го покаже резултатот од дебатата, усвојувањето на амандманите, забелешките, вербата. Разговорите со политичките партии продолжуваат“ – рече Заев на вчерашната прес-конференција во Министерство за финансии.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…