Home Актуелно Русковска: Како обвинител и граѓанин не сум задоволна од законот за амнестија

Русковска: Како обвинител и граѓанин не сум задоволна од законот за амнестија

Обвинителката Вилма Русковска потенцираше дека нема да има преквалификација на делото во рамки на случајот со упадот и насилството во Собранието, додавајќи дека според усвоениот закон за амнестија, самата амнестија не го опфаќа целото дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Рускоска призна дека како граѓанин не е задоволна од донесувањето на самиот закон за амнестија. Како обвинител, таа објасни дека како што ќе пристигнуваат барањата за амнестија, поединечно ќе се одлучува за секое од нив, нагласувајќи дека е добро што судот ќе носи решение, по претходно прибавено мислење од јавниот обвинител.

„Добро е што е така затоа што е многу подобро отколку да формираа комисија во Собрание и тие да одредуваа за кого важи амнестијата“ – вели Русковска.

Таа потенцира дека сите докази кои биле предложени и од одбраната и од обвинителството ќе се земат предвид.

„Не можам да речам никој да не биде амнестиран зошто тоа ќе биде спротивно на Законот кој го донесоа. Ако не го почитувам законот правам кривично дело“ – посочи обвинителката прашана што ќе се случи ако таа рече дека не треба да има амнестија за никој.

Извор: ПлусИнфо

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…