Home Вебкафе Шок во Лондон: Банкар со дршка од нож претепал до смрт ескорт дама

Шок во Лондон: Банкар со дршка од нож претепал до смрт ескорт дама

29-годишната компјутерска техничарка Кристина Аботс, која во слободното време работела како ескорт дама, била брутално претепана била брутално претепана со дршка од кујнски нож од страна на лондонскиот банкар и татко на две деца, 47-годишниот Захид Насим.

Вечерта пред нејзината смрт заедно купувале алкохол во супермаркет. Следното утро нејзиното тело било најдено во стан, кој го изнајмувала, додека банкарот лежел гол, преправајќи се дека е во несвест. Аботс била 13 пати удрена во глава со рачката од ножот, а била убиена 12 часа пред полицијата да го најде нејзиното тело.

Откако го извршил убиството, Насим и пратил порака на својата партнерка дека е предоцна, дека му е жал и дека животот не е за него.

Партнерката, Хелен Џервис, со која Насем живеел 12 години и има две деца, се обидела да му се јави, но безуспешно.

Насем на убиената девојка и плаќал по 3.500 фунти од средба. Нејзините родители на судењето изјавија дека не знаат со што се занимава ќерка им, освен дека е комјутеркси техничар и дека патувала на егзотични места.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…