Home Актуелно Бившиот личен адвокат на Трамп призна вина за даночни и банкарски измами – следува пресуда

Бившиот личен адвокат на Трамп призна вина за даночни и банкарски измами – следува пресуда

Долгогодишниот приватен адвокат на сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, адвокатот Мајкл Коен денес треба да ја чуе осудителната пресуда откако се изјасни за виновен за даночни и банкарски измами, како и за обвиненија за финансирање на кампањата што потенцијално би можело да го инволвираат и Трамп.

Денеска судот треба да реши дали Мајкл Коен ќе добие помала казна за овие кривични дела меѓу кои кои исто така е и лажењето на Конгресот во врска со претходните деловни односи на Трамп во Русија. Американските обвинители соопштија дека Коен не успеал целосно да соработува со истражителите и затоа бараат затворска казна.

Случајот против Коен произлезе од истрагата што ја спроведува специјалниот советник Роберт Милер за врските на соработниците на Трамп со руски претставници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…