Home Актуелно Европратениците изгласаа екстрадиција на Груевски до Унгарија во Македонија

Европратениците изгласаа екстрадиција на Груевски до Унгарија во Македонија

Пратениците на Европскиот парламент денес ги усвоија двата амандмани со кои од Унгарија се бара да го екстрадира бившиот премиер Никола Груевски во Македонија.

Групите на Социјалдемократите и на Зелените пред неколку дена поднесоа одделни амандмани на оваа тема, но се стравуваше дека оној на Зелените нема да помине поради поостриот речник.

Амандманот поднесен од европратеничката на Зелените, Јудит Саргентини освен што бара екстрадиција, гласи и дека Груевски побегнал од Македонија со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна и го смета овој потег како мешање во внатрешните работи на Македонија како и чин на презир кон судството и владеењето на правото во земјат, пренесува МИА.

Социјалдемократите поднесоа два амандмани за азилот на Груевски, и двата беа усвоени денеска. Со овие амандмани, Европскиот парламент става на знаење дека Никола Груевски добил “транспарентен судски процес“ потврден од повеќе судски инстанци и потсетува дека тој е инволвиран во дополнителни пет кривични истраги.

Европскиот парламент ги отфрли сите грчки амандмани, вклучително и оние кои бараа да се избрише зборот “македонски“ од извештајот, како и амандманот на грчка пратеничка која бараше во резолуцијата за Македонија да се вклучи ниската излезност на референдумот.

Усвоен е и амандманот на групата на Зелените за загрозувањето на животната средина преку одредени инфраструктурни проекти. Европскиот парламент бара да се суспендираат проектите во Националниот парк Маврово додека не биде комплетирана „Стратешка проценка за животната средина“ во целосна согласност со европското законодавство за животна средина.

Резолуцијата на известувачот Иво Вајгл беше усвоена со 470 гласови за и 116 против.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…