Home Спорт ГОТОВО: Откриено кој ќе ја добие „Златната топка“, кој ќе биде втор, а кој трет!

ГОТОВО: Откриено кој ќе ја добие „Златната топка“, кој ќе биде втор, а кој трет!

Календарската година се приближува кон крајот, па наскоро ќе дознаеме кој ќе биде избран за најдобар фудбалер во 2018 година, односно кој ќе ја добие „Златната топка“.

Во фудбалот постојат неколку индивидуални награди, но „Златната топка“ дефинитивно е најпрестижна и најценета кај љубителите на фудбалот.

На 3-ти декември во Париз ќе биде прогласен побдникот, а како што е веќе познати најголем фаворит е Лука Модриќ, кој беше избран за играч на годината според ФИФА.

Шпанските медиуми кои се повикуваат на добро информирани извори тврдат дека е веќе познат распоредот на финалистите. Ако им се верува, „Златната топка“ ќе ја добие Лука Модриќ, на второ место ќе биде Кристиано Роналдо, а на трето место Антоан Гризман.

Во прилог на ова оди и информацијата дека Роналдо воопшто нема да се појави на доделувањето на наградата и дека ќе ја бојкотира церемнијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…