Home Актуелно Откриено кој ја нарачал монструозната ликвидација на новинарот Кашоги

Откриено кој ја нарачал монструозната ликвидација на новинарот Кашоги

Шефот на преговарачкиот тим кој бил испратен во Истанбул со цел да го врати саудискиот новинар Џамал Кашоги во Саудиска Арабија е лицето кое го нарачало неговото крвничко убиство, стои во известувањето од саудискиот јавен обвинител.

Петмина Саудијци се под обвинение дека го дрогирале Кашоги и потоа го распарчиле неговото тело, а остатоците ги уништиле со киселина по убиството кое било извршено во зградата од амбасадата на Саудиска Арабија во Турција.

Саудискиот обвинител, наводно, побарал смртна казна за петмина од вкупно 11 осомничени лица за убиството на новинарот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…