Home Актуелно Груевски останува „на државно“ – не се изгласа одземањето на неговиот мандат

Груевски останува „на државно“ – не се изгласа одземањето на неговиот мандат

Откако Собранието не собра двотретинско мнозинство гласови за одземање на пратеничкиот мандат на бившиот премиер Никола Груевски, тој останува во собраниските клупи.

На пленарната седница „за“ гласаа 58 пратеници од власата и 28 „против“ од опозицијата. Да му биде одземен мандатот поддршка даде и неговиот долгогодишен коалиционен партнер Али Ахмети.

Груевски денеска не беше присутен на гласањето а во собраниската сала не беа ниту осумте пратеници од ВМРО – ДПМНЕ кои беа исклучени од партијата откако гласаа за уставните измени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…