Home Шоубизнис Славната холивудска фитнес инструкторка Менди Бланк најдена мртва во Лос Анџелес

Славната холивудска фитнес инструкторка Менди Бланк најдена мртва во Лос Анџелес

42-годишната елитна фитнес инструкторка Менди Бланк, која им беше приватен фитнес тренер на многу холивудски ѕвезди беше најдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

Куќната помошничка го пронашла нејзиното безживотно тело во кадата. Неименуван извор откри дека брзата помош која веднаш стигнала во домот на Менди на лице место ја утврдила смртта на фитнес инструкторката.

Се дознава дека покрај неа не се пронајдени ниту алкохол ниту било какви опојни средства и дека ништо не укажувало на насилна смрт, односно злосторство. Причината за смртта сè уште не е позната, а ќе биде утврдена по обдукцијата токсиколошките анализи.

Менди го освои Светското првенство на Меѓународната федерација за боди билдинг и фитенес (IFBB) во 1999. година и така стана најмлада натпреварувачка на која тоа и успеало.

Во својата исклучително успешна кариера како фитнес инструкторка работеше со ѕвезди како што се Мики Рурк, Мет Ле Бланк, Алекс Родригез, Џеред Лето и многу други,

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …