Home Шоубизнис Уапсен Алек Болдвин – се степа за паркинг место (видео)

Уапсен Алек Болдвин – се степа за паркинг место (видео)

Славниот холивудски актер Алек Болдвин беше уапсен од страна на полициските службеници поради тепачка за паркинг место пред неговата куќа во Вест Вилиџ во Њујорк.

Болдвин е обвинет за напад и закани кон возач кого го удрил со тупаница поради паркинг место пред неговата куќа во Њујорк. Тој беше приведен, откако предизвика инцидент, изнервиран дека друг возач му го зазел паркинг местото на кое чекал. По кавгата, Болдвин го удрил човекот со тупаница по лицето.

Жртвата била однесена во болница , бидејќи се жалел на болки на левата страна на главата. Болдвин е пуштен од притворот , а следниот месец ќе се појави на суд.

Последен пат Алек Болдвин беше приведен пред четири години поради нарушување на јавниот ред и мир.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …