Извлечена најголемиот ЏЕК ПОТ ВО ИСТОРИЈАТА: Победник заработи 1,6 милијарди долари за само 2 долари уплата за ЛОТО!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вашингтон – Извлечена е победничката комбинација на џекпот, „Мега Милион“, најголемата награда во историјата на американската лотарија која изнесува 1,6 милијарди долари, соопштија официјално од лотаријата.

Победничкиот тикет е уплатен во Јужна Каролина, но не е познато каде точно, јавува АП, пренесува Танјунг.

Среќниот добитник ги преминал минималните шанси за добивка и бил 1 во 302,5 милиони кои ја освоил наградата, со уплата на среќниот тикет кој чини 2 долари.

Агенцијата наведува дека веројатно ќе минат неколку дена, а можеби и недели, додека среќникот не се појави и ја потврди својата добивка.

Официјалната лотарија и финансиските менаџери на луѓето кои ја освојуваат наградата, ги советуваат детално да испланираат стратегија за инвестирање на милион долари, но исто така предупредуваат дека победниците се соочуваат и со нова загриженост за сопствената безбедност, како последица на поседувањето на огромна сума на пари.

Според правилата на лотаријата, победникот може да одбере веднаш да му бидат исплатени 904 милиони долари или добивката од 1,6 милијарди долари да ја добиваат во рати во следните 29 години.

Во зависност од државата, победниците имаат рок од 180 дена до една година да дојдат и да ја потврдат својата добитна комбинација.

Мега милионот се игра во 44 држави.

Во осум држави од вкупниот број во кој се игра, победниците имаат право да останат анонимни, но во останатите држави јавноста соопштува кој е добитник на победничката комбинација.