Home Актуелно Рочиштето за ТНТ одложено, Груевски ќе врши пратеничка должност во Собранието за уставните измени!

Рочиштето за ТНТ одложено, Груевски ќе врши пратеничка должност во Собранието за уставните измени!

Поранешниот премиер, Никола Груевски, утринава успеа да го одложи рочиштето за случајот ТНТ на СЈО.

Груевски со образложение дека како пратеник треба да присуствува на пленарната седница во Собранието, каде на дневен ред се уставните измени,  го убеди судијата на случајот, Огнен Ставрев рочиштето за рушењето на комплексот „Космос“, во сопственост на Фијат Цаноски, да го презакаже за 25. октомври.

Инаку, се уште до утринава во Кривичниот суд не е пристигната пресудата во врска во правосилната затворска казна на Никола Груевски врзана за случајот Тенк на СЈО, каде поранешниот премиер се товари за незаконско набавување на блиндираниот луксузен мерцедес.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…