Home Актуелно Сончев есенски ден со пролетни температури

Сончев есенски ден со пролетни температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.

Во североисточниот дел од земјава ветерот ќе се засилува и се очекува брзината на ветерот да достигнува до околу 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи од еден до седум степени, а дневната од 17 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура од шест до 25 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат бидат малку постудени, а дневните температури без позначителни промени.

Од среда се очекува постепен пад на температурата на воздухот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…