Home Актуелно Уште една жртва од престрелката на „Рузвелтова“ – почина повреденото лице

Уште една жртва од престрелката на „Рузвелтова“ – почина повреденото лице

Откако со тешки повреди од огнено оружје кои ги здоби во огнената престрелка синоќа на „Рузвелтова“ во Скопје беше пренесено во болница, повреденото лице утрово им подлегна на раните.

На повредите утринава им подлегна 49-годишниот А.П. кој беше пренесен во болница веднаш после настанот. На лице место почина Н.А. (44).

19-годишниот Ф.Е. и натаму е во болница, и неговата состојба е критична.

МВР работи на расчистување на случајот.

Фотографија: МИА

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…