Ангела Меркел доаѓа во посета на Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германската канцеларка Ангела Меркел в сабота доаѓа во официјална посета на Македонија. Со исклучок на кусиот престој на Шредер во 1999 година, ова е прва официјална посета на германски канцелар во историјата на земјата, пренесува „Дојче Веле“.

Веста ја соопшти нејзиниот портпарол Шефан Зајберт, а прва ја обајваи грчката агенција АНА. Целта, како што вели, е Меркел самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот.

Според портпаролот на германската Влада, Штефан Зајбер, теми на разговорите на Меркел со македонскиот премиер Зоран Заев ќе бидат „регионалните случувања и билатералните прашања“.

Ангела Меркел в сабота ќе стане првата германска канцеларка која престојувала во официјална посета на Македонија.