Не можеше да го пушти: Женка кит 17 дена го носеше мртвото младенче врз себе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Женка од видот китови убијци повеќе од две недели не сакаше да го пушти своето мртво младенче и со него преплива неверојатни 1.600 километри, пред најпосле да одлучи да се прости од својот пород.

20-годишната женка, која од научниците го доби името Ј35 или Талеква, ги кршеше срцата на сите оние кои ја следеа нејзината 17-дневна драма. Откако нејзиното младенче почина, носејќи го врз себе, таа со мртвото тело од младиот кит пливаше долж западното крајбрежје на САД и Канада. Младенчето почина покрај брегот на Викторија, во канадска Британска Колумбија.

„Ј35 помина покрај мојот прозорец со останатите китови и изгледаше живо и здраво. Маката која ја помина носејќши го своето мртво младенче цели 17 дена, изминувајќи 1.600 километри, сега конечно е готова“, изјави директорот на Центарот за истражување китови, Кен Балкомб, во изјава за Seattle Times, откако китот женка беше забележана без нејзиното мртво младенче.

Тој додаде дека оваа женка, од 2010 досега, има изгубено две младенчиња, па верува дека оваа загуба ја доживеала многу тешко.

„Жива и здрава е и изгледа престана да тагува“, заклучи тој.

Китовите убијци се познати по тоа дека од своите мртвороденчиња не се одделуваат по една недела.