Нов пекол во Грција: Гори островот Евиа – евакуирани две села


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Противпожарната бригада соопшти дека жителите на селата Контодеспоти и Ставрос, лоцирани во централниот дел на островот Евиа, биле евакуирани од претпазливост, објави „Ројтерс“.

Две села на грчкиот остров Евиа биле евакуирани поради шумски пожар разгорен од силни ветришта.

Агенцијата потсетува дека минатиот месец 94 лица загинаа во пожар во селото Мати во близина на Атина, по што премиерот Алексис Ципрас го замени министерот за цивилна заштита и раководните лица во противпожарната служба и полицијата.