Home Актуелно Балканот обвиен во црно: Почина легендарниот Оливер Драгојевиќ

Балканот обвиен во црно: Почина легендарниот Оливер Драгојевиќ

Утрово околу пет часот во сплитската болница починал познатиот пејач Оливер Драгојевиќ.

Гигантот на музичката сцена го загубил животот во својата 71 година, точна една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови.

Тажната вест за жал беше и потврдена од неговото семејство.

Зад него останаа сопругата Весна, синовите, Дамир и Давор.

Во својата долгогодишна кариера оствари низа успеси и освојуваше награди во различни категории.

Ракот на белите дробови кај Оливер беше дијагностициран на 24 август минатата година.

Иако беше под хемотарапија на 15-ти октомври го одржа својот последен концерт кој беше преполн со емоции, по овој концерт следуваше откажување на неколку големи, вклучувајќи и два во „Спаладиум Арената“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…