Home Вебкафе Судот до државата: „Или реновирајте го, или срушете го култниот Таџ Махал“

Судот до државата: „Или реновирајте го, или срушете го култниот Таџ Махал“

Врховниот индиски суд им даде директна наредба на властите од Утар Прадеш, или да го затворат и срушат култниот мавзолеј Таџ Махал или целосно да го реновираат, пренесува Економист.

Како се наведува, прекрасниот мермерен мавзолеј во градот Агра, на север од Индија, се бори со модерни непријатели: токсичен воздух и валкана вода.

Екстериерот на мавзолејот од 17 век, чија изградба Шах Џахан ја наредил за својата најдрага сопруга Арџуманд Бано Бегум, попозната како Мумтаз Махал, некогаш бил чистo бела боја.

Ова се променило – ѕидовите на Таџ Махал сега се, делумно ако не и целосно, различни нијанси на жолта, кафеава црна и зелена боја.

Првите знаци дека нешто не е во ред се појавиле уште во 1938 година, кога индиската влада формирала комитет за решавање на проблемот со постепеното потемнување на споменикот.

Според Светската здравствена организација, Агра е на осмо место на најзагадени градови во светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…