Home Вебкафе Пијана невеста си го претепа сопругот, неговата баба и кумовите?!

Пијана невеста си го претепа сопругот, неговата баба и кумовите?!

Венчавката би требало да биде најсреќниот ден во животот на невестата и младоженецот, но во Баварија поради алкохолот тоа не беше случај.

Една невеста, според соопштението од полицијата, испила премногу алкохол, и потполно пијана почната да тепа повеќе лица на свадбата.

Меѓу жртвите бил и младоженецот, кој поради тоа што не можел да ја смири, повикал полиција да интервенира.

Кога чуварите на безбедноста пристигнале на венчавката невестата веќе го претепала младоженецот, неговата баба и кумовите. Потоа се затворила во една просторија, од која излегла дури по долгите преговори со полицијата.

Од сопствената венчавка е одведена со лисици и покрената е постапка поради нанесување на телесни повреди. Во извештајот на полицијата не се наведува зошто невестата „одлепила“ и почнала да тепа се околу неа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Што открива кафето што го пиете за вашата личност?

ФИЛТЕР КАФЕ Лицата што пијат филтер кафе често се претставници на подзатворени или интрове…