Home Актуелно Конечно спасени: Сите 12 момчиња и тренерот извлечени од пештерата во Тајланд

Конечно спасени: Сите 12 момчиња и тренерот извлечени од пештерата во Тајланд

После осумнаесетдневна голгота на 12-те момчиња и нивниот тренер заглавени во пештерскиот комплекс во Тајланд, нивните маки завршија со среќен крај. Сите се спасени и извлечени на безбедно.

Солзи радосници, ракоплескања и восхитувања од присутните во моментите кога спасувачите го извлекоа и тренерот кој остана последен за спасување од пештерата. Заедно со уште четири момчиња, меѓу кои и најмалото од групата, пренесени се до најблиската болница за да им биде пружена соодветна медицинска помош.

Временските прилики и сивилото над небото не ги спречи спасувачките екипи да започнат со тешката акција пред три дена, кога беа извадени првите четири фудбалери. По девет часа макотрпност, вчера беа извлечени уште четири дечиња. Нуркачите постојано беа во трка со времето да ја одбегнат опасноста од нови поројни дождови и недостатокот од кислород во пештерата.

Сите деца се во добра здравствена состојба, но се изолирани за да се избегне ризикот од инфекција. Успешната мисија топло ја поздрави и тајландската премиерка Катрин Јакобсдоти, која изјави дека денеска победиле надежта, сочувството и храброста. Восхитот на храбрите фудбалери и нивниот тренер ги предизвика и холивудските продуценти веднаш да се фатат за работа и да подготват филм со приказната за спасувачката акција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…