Home Спорт Евра го советува Роналдо: Ако сакаш да играш до 2050 година, оди во Јувентус

Евра го советува Роналдо: Ако сакаш да играш до 2050 година, оди во Јувентус

Бившиот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Јувентус, Патрис Евра го посоветува својот пријател Кристиано Роналдо да потпише за „старата дама“.

Според Евра, Јувентус е идеалното место за Роналдо да ја продолжи својата кариера.

„Сите ме прашуваат што мислам за тоа. Не сум зборувал со Кристиано за тоа, но мојот совет е: Ако сакаш да играш до 2050 година, треба да одиш во Јуве! Едноставно не постои друг клуб кој е подобар за него во овој момент“, изјави Евра.

„Јас сум му благодарен на Јуве, што продолжив да играм на високо ниво и да освојувам трофеи после Манчестер Јунајтед. Тоа беше благодарение на Јуве, таму си ја продолжив кариерата. Јуве секогаш ќе биде во моето срце“, додаде Французинот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…