Дојде на работа, а она што го пречека беше НАЈУБАВОТО и НАЈВРЕДНОТО нешто во животот…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Работа, пожртвуваност, убав збор, љубезност… секогаш се исплати, и ќе ви се врати со добро се што некогаш добро сте направиле. Некогаш ни се чини дека никој не гледа колку се трудиме, но не е така. Еден од примерите е и Херман Гордон, кој работи како чистач на британскиот Универзитет, Бристол и кога студентите и персоналот од факултетот се одлучиле да го изненадат со подарок и така да му се заблагодарат за неговата десеттгодишна работа.

Имено, тие собрале 1500 фунти и ги ставиле во плик како изненадување бидејќи сакале да му дозволат на Херман и неговата сопруга да заминат на одмор во Јамајка.

„Драг Херман, во име на студентите во Бристол, ти се заблагодаруваме на целата позитивна енергија која ни ја даваш во текот на сите овие години. Ни разубави многу денови и сакаме на овој начин да ти ставиме до знаење дека те почитуваме. Одлучивме да ти дадеме ваков посебен подарок во знак на благодарност. Уживајте во летот“, стоело во пораката.

Кога погледнал во пликот, Херман од среќа не можел да ги сопре солзите.

Акцијата ја покренале студентите кои објавиле кратка порака на Фејсбук по што набрзо голем број од студентите дале пари за Херман.

„Сакаме да се заблагодариме на сите кои учествуваа во донацијата, неверојатно е што се можеме кога ќе се обединиме“, напишале организаторите на акцијата.