Home Вебкафе На продажба култниот автомобил на Мистер Бин, како и познатиот автобус од „Брзина“ на Сандра Булок

На продажба култниот автомобил на Мистер Бин, како и познатиот автобус од „Брзина“ на Сандра Булок

Автомобилот „бритиш лејланд мини“ со лимонова боја, кој глумецот Руан Аткинсон го возеше во познатите серии и филмови „Мистер Бин“, се продава на аукција, за 60.000 долари.

Во првата епизода, автомобилот на Бин беше во портокалова боја, но тој е уништен на крајот од истата епизода. Од тогаш, Бин вози автомобил со лимонова боја и црна хауба.

На автомобилот од 1977. година не е променето ништо од снимањето, а во описот пишува дека со автомобилот следува и оригиналниот мотор, кој не е тестиран, како ни остатокот од механичките делови.

Освен овој автомобил, на аукцијата се продава и автобусот кој Сандра Булок го возеше во филмот „Брзина“, а за него потребно е да се издвојат 20.000 долари, пренесуваат медиумите.

На аукцијата за 1.700 долари е понуден и моторниот тестер од хорор филмот, „Тексашки масакр моторен тестер2“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …