Home Актуелно Димитров во дипломатска офанзива на неформален појадок во Брисел

Димитров во дипломатска офанзива на неформален појадок во Брисел

Димитров ќе ги спасува препораките од ЕУ и ќе се обиде да издејствува повлекување на „нон-пејпр“ документот кој протече во јавност.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешниот појадок со неговите колеги од Европската Унија ќе ги информира европските министри за текот на реформите во земјата и ќе бара од нив, како што јавува МИА, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, да го „препознаат историскиот момент за Македонија и регионот“.

Неформалниот појадок, организиран од страна на Бугарија и Австрија, односно од сегашното и следното претседателство на ЕУ, ќе се одржи еден час пред почетокот на редовниот совет на ЕУ за надворешни работи. За Македонија е од голема важност да добие временска рамка за почетокот на преговорите во текот на оваа година, бидејќи следната година е изборна во Европската Унија и политичките процеси ќе бидат во застој. Димитров, кој по Њујорк веднаш отпатува за Брисел, вчера имаше тет-е-тет средба со високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…