Home Шоубизнис Биле премногу секси: Сан Антонио ги отпушти атрактивните навивачки

Биле премногу секси: Сан Антонио ги отпушти атрактивните навивачки

Челните луѓе на Сан Антонио Спарс донесоа одлука која разочара голем број навивачи на овој НБА кошаркарски клуб, како и многу НБА фанови. Управата од овој тексашки клуб ги отпушти навивачките кои ја забавуваа публиката на паузите, одлука и вест која наиде на неодобрување и бурни коментари од навивачите.

Така, после цели 26 години Спарс ќе останат без навивачки, кои на паузите ги анимираа навивачите на трибините, а како образложение за нивното отпуштање е наведено дека „тие биле премногу секси“.

Од клубот сметаат дека на посетителите на трибините им е потребна поинаква забава, која е прифатлива и за семејните луѓе, а во такви рамки не им се вклопуваат „Сребрените танчерки“.

Во наредниот период клубот на поинаков начин ќе ја забавува публиката, а свој суд за оваа нивна одлука дадоа и навивачите. Тие на социјалните мрежи негодуваат поради овој потег и бараат навивачките да бидат вратени во салата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …