Home Шоубизнис Ѕвездата од филмовите на Хичкок во реклама за Gucci на 88 години

Ѕвездата од филмовите на Хичкок во реклама за Gucci на 88 години

Легендарната 88-годишна актерка Типи Хедрен стана главно лице на новата Gucci кампања за часовници и накит.

Типи Хедрен беше омилена актерка на култниот режисер Алфред Хичкок, а улогите во неговите филмови „Птици“ и „Марни“ ја одбележаа нејзината актерска кариера.

Во педесеттите години од минатиот век Хедрен успешно се занимаваше и со мода, а нејзината славна внука Дакота Џонсон е заштитно лице на парфемот Bloom од Gucci.

Во новата реклама на Gucci, Хедрен има улога на пророчка на иднината, а нејзиниот ангажман е продолжение на позитивните промени во рамки на модната индустрија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…